„Приспивна“ помеѓу Емполи и Фиорентина

Фудбалерите на Емполи и Фиорентина ремизираа без голови во претпоследниот натпревар од неделната програма во рамките на италијанската Серија А.

Не само што немаше гол на стадионот „Карло Каштелани“, туку сигурно немаше ниту една шанса вредна за значење. Фиорентина имаше повеќе посед (65 проценти) и 13 удари кон голот на домаќините, но ниту еден не ја пронајде целта.

Видовме вистинска „приспивна партија“ и заслужен резултат на крајот, но избраниците на Рафаеле Паладино повеќе ќе жалат за целиот плен.

Емполи останува на високото шесто место со 10 освоени бодови, додека „Виола“ е на 11. позиција со три бода помалку.

Се вчитува...