Саудискиот Ал-Насер започна преговори за обновување на договорот со португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо. Актуелниот договор на 39-годишниот португалски фудбалер истекува во јуни следната година.
И покрај тоа што полека влегува во петтата деценија од животот, сепак, Португалецот нема намера да замине во пензија. Тој сака да игра на Мундијалот во 20126 година, и да биде првиот фудбалер кој учествувал на шест Светски првенства.
Роналдо е еден од најплатените спортисти во моментов. Иако се шпекулираше дека ќе сака да ја заврши кариерата во Португалија, сепак, неколку пати истакнува дека е среќен во Ал Наср, и најверојатно таму ќе заврши со фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА