Познатиот хрватски кошаркар го нападна болест, изгубил седум килограми

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња (29) поради болест отсуствува една недела од кошаркарските терени, а се чини дека ќе отсуствува извесно време. Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид најпрво го пропушти натпреварот од шпанскиот Суперкуп во кој неговиот клуб беше поразен од Уникаха, а го пропушти и вчерашниот натпревар од првото коло на шпанската лига во кој Реал играше против Коруња.

– Ослабе шест до седум килограми и сега треба да ги врати. Веќе некое време повраќаше, имаше дијареа и висока температура. Ќе се обидеме да работиме со него за што побрзо да ја врати кондицијата – изјави тренерот на Реал, Чус Матео во интервју за шпанските медиуми.

По отворањето на домашното кошаркарско првенство, кошаркарите на Реал Мадрид ќе имаат пеколен ритам на натпревари во кои за краток период ќе играат против Баерн (3 октомври), Сарагоса (6 октомври) и Партизан (10 октомври).

Се вчитува...