Алкараз: Знам дека на Синер му е многу тешко

Еден од најдобрите светски тенисери во моментов Карлос Алкараз, зборуваше за својот колега Јаник Синер, кој беше фатен со допинг, но избегна суспензија.

Тој кажа дека го разбира Синер и дека му е многу тешко да се носи со тие обвинувања, особено кога ќе зачекори на теренот.

„Тешко е. Знам дека е во многу тешка состојба во моментов. Навистина му е тешко. Знам дека сите зборуваат за тоа во медиумите. Јаник во Њујорк рече дека сега луѓето го гледаат поинаку, и тоа веројатно е така. Не знам како би можел да изгледа, но јас го разбирам. Едноставно е лудо да игра на такво ниво. Неверојатно е сето тоа да го остави на страна кога ќе зачекори на теренот. Се надевам дека сето тоа ќе заврши наскоро и дека ќе се концетрира само на тенисот. Се што можам да кажам е дека се надевам дека луѓето околу него нема да се чувствуват лошо во следниот период“, рече Алакараз.

Се вчитува...