Фернандеш: Ги изневерив соиграчите

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека ги разочарал своите соиграчи откако доби црвен картон на натпреварот од шестото коло во Премиер лигата против Тотенхем.

Јунајтед беше „прегазен“ на Олд Трафорд од Тотенхем со 3:0, со што се продлабочи големата криза во која се наоѓа. На овој натпревар црвен картон доби Фернандеш во 42. минута при резултат 0:1.

„ Ги изневерив моите соиграчи, бидејќи останаа со играч помалку. Ценам се што прават на теренот, им беше тешко. Не го започнавме натпреварот добро, кога беше 11 на 11, резултатот беше во нивна корист, а потоа беше ситуацијата со црвениот картон “, рече Фернандеш и додаде:

„ Тие беа добри, примивме уште два гола, но беше тешко да го покриеме целиот простор добри работи од ова, горд сум на нив “.

Се вчитува...