Џина Марија Шумахер, ќерка на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, се омажи за своето долгогодишно момче.
Британците зборуваа за раскошната церемонија, која се одржа на Мајорка во луксузна вила. На свадбата присуствуваше и вујкото на Џина, Ралф Шумахер со неговиот партнер.
Според информациите на Билд, сите вработени морале да ги предадат мобилните телефони пред да влезат на имотот за да не ги фотографираат приватните соби и простории на семејството. Секако, шпекулираат дека тоа најмногу се должи на Михаел, но неговото присуство на церемонијата не можат со сигурност да го потврдат.
„Дали Шуми навистина беше присутен на свадбата во саботата? Можно е. Дури и многу можно. Сепак, тој не беше во градината, каде што беа другите гости, од кои некои, без сомнение, не припаѓаат на најтесниот семеен круг“, се вели во текстот на Билд.
Вистинската состојба на Михаел Шумахер е во тајност долги десет години, семејството молчи, а само одвреме-навреме има некои вести кои не навестуваат добро. За легендарниот Ф1 возач наводно се грижи тим лекари 24 часа на ден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА