Крилниот фудбалер на ПСЖ Усман Дембеле, нема да биде во тимот на ПСЖ за дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите кој е на програмата утре.
Дембеле настапи на сите шест натпревари во Лига 1 за ПСЖ, и постигна четири гола и четири асистенции. Тој имаше асистенција и на мечот со Рен во петокот навечер, во победата на својот тим од 3-1.
Француски „Л’Екип“ открива дека Дебеле наводно имал жестока расправија со тренерот на „Светците“ Луис Енрике, и одлучено е тој да не патува со тимот за дуелот против Арсенал во Лондон.
Добра вест за ПСЖ е што се врати во тимот Витиња, кој се опорави од повредата и ќе биде во комбинација за настап во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА