Италијанска легенда со остра критика кон Влаховиќ: Тоа го прават само малите играчи

Душан Влаховиќ на постојаните критики кои ги добива од страна на италијанската фудбалска јавност одговори со два гола во победата на Јувентус од 3-0 над Џенова. Србинот прослави со гестикулација која многумина ја протолкуваа како „само вие зборете“, па истата одново предизвика лавина на реакции.

Еден од оние кои го крена гласот против Влаховиќ е и легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Ди Канио.

„Тоа го прават само малите играчи. Тој е фантастичен фудбалот, но со вакви потези покажува дека не е голем играч. Неговото однесување не доликува на голем играч. Постигна гол од пенал и тоа е во ред, никогаш не е лесно да постигнеш гол, но тоа е само еден гол. Тоа го направи против Џенова, тимот со најголеми проблеми во лигата. И тоа на натпревар без публика.

Не постигна гол против конкурент за титула. И тогаш неговиот потег немаше да биде на место, но ќе имаше друго значење. Носи важен дрес. Влаховиќ игра за Јувентус. Постигни два гола против конкурент па потоа биди арогантен, но два гола против Џенова и тоа без публика е како да дадеш гол на пријателски натпревар“, вели Ди Канио.

Се вчитува...