Наполи одново е лидер на табелата во италијанското првенство по издвоениот триумф над Монца во 6. коло. Одличните игри на тимот предводен од Антонио Конте воедно и одново го разбудија сонот на навивачите на овој тим за шампионската титула, но искусниот италијански стартег ги смирува страстите.
Како што вели самиот тој, рано е за тимот да биде главен претендент за титулата.
„Мора да се бориме за секоја победа. Пред три месеци претседателот кажа дека почнавме реконструкција на тимот. Заминаа дури 14 фудбалери, а пристигнаа само седум. Го изгубивме и Осимен. Наполи во моментов е лидер, знам какви се очекувањата од мене, но се уште е рано да се бориме за Скудетото“, изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА