Почина Дикембе Мутомбо

Поранешната НБА ѕвезда, Дикембе Мутомбо почина на 58-годишна возраст како последица на тешка болест со рак на мозокот, објави комисионерот на НБА лигата, Адам Силер со зборовите „Дикембе Мутомбо беше поголем од животот“.

Добро познат по својот заштитен знак „прстот“, Мутомбо важеше за еден од најдобрите блокери и дефанзивци во историјата на НБА лигата кој се уште го држи рекордот кога станува збор за изборот на најдобар дефанзивец на силното првенство со четири признанија зад своето име.

Својата 18-годишна НБА кариера во која настапуваше за Денвер, Атланта, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон ја заврши по сезоната 2008/09. Во 2015 година беше вклучен во „Куќата на славните“.

Покрај блескавата кошаркарска кариера тој беше познат и како голем хуманитарец кој помогна многу кога станува збор за развојот на Африка. Едно од неговите најголеми достигнувања беше формирањето на болницата „Биамба Мари Мутомбо“ во Конго во 2007 година, болница кој беше формирана како прва по 40 години во оваа држава.

Се вчитува...