Македонскиот крилен центар Страхил Николов останува дел од прволигашот ТФТ и во следните три години откако денеска официјално го продолжи договорот со скопскиот „црно-бел“ состав.
Николов е дел од ТФТ во текот на целата кариера наметнувајќи се како незаменлив дел од тимот на Боро Смилковски. Изминатата сезона настапи на 31 натпревар во Првата лига бележејќи просек од 8.7 поени, 5.1 скок и 1.7 асистенција за просек од 28 минути поминати на теренот.
Покрај тоа беше дел и од АБА2 првенството каде настапи на 13 средби со просек од 6.0 поени и 3.1 скок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА