Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го најави следниот натпревар на неговиот тим во Лигата на Шампионите против Црвена Звезда на домашен терен.
Инзаги притоа откри дека има една дилема, со кој за започне во нападот бидејќи секој напаѓач со кој располага има врвен квалитет, но и дека сезоната е долга па мора умешно да бира.
„Се уште немам одлучено за напаѓачите. Сите четворица се кандидати за почените единаесет, но се уште немам донесено одлука. Потребни ни се сите бидејќи ни следи уште потежок дел од сезоната. Секој фудбалер ни е вреден. Никогаш не размислувам за формацијата за следните два или три натпревари, па така ни сега. Морам постојано да носам избор“, вели Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА