Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека Френки де Јонг ќе биде во конкуренција за тимот против Јанг Бојс во Лигата на шампионите.
Де Јонг беше надвор од терените од април оваа година поради повреда на скочниот зглоб.
„За нас е многу важно да можеме да сметаме на Френки. Не знам дали ќе игра 10, 20 или 45 минути. Тоа е добра вест за него, тој ќе биде среќен што ќе се врати на теренот“, изјави Флик.
Барселона ќе го пречека Јанг Бојс во вторник на „Монџуик“ со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА