Мбапе ќе биде подготвен за мечот против Лил во ЛШ

Најзвучното име во Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе биде во составот за натпреварот во среда вечер во Лил и покрај шпекулациите дека ќе отсуствува неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објавија француските медиуми.

Тренерот на клубот Карло Анчелоти го објави списокот на играчи за натпреварот против Лил а на него се и Мбапе, како и Винициус, Родриго и Ендрик. Во среда Мбапе ќе игра против Лил, клубот во кој е неговиот помал брат Итан.

Мбапе го повреди бутниот мускул на левата нога минатата недела на крајот од натпреварот од Ла Лига против Алавес (3-2). Реал Мадрид тогаш не ја соопшти тежината на повредата и дали Мбапе ќе може да ги игра следните натпревари, додека шпанските медиуми споменаа тринеделно отсуство.

Се вчитува...