Дончиќ: Едвај чекам да почне сезоната и да го делам теренот со Клеј Томпсон

Лука Дончиќ наскоро ќе ја започне седмата сезона во Далас Маверикс. Словенечкиот репрезентативец на средбата со новинарите, меѓу другото, зборуваше и за големото засилување во  Тексас, поранешниот играч на Голден Стејт, Клеј Томпсон.

Далас го доведе искусниот бек како би им помогнал на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг во походот кон титулата.

„Неверојатно. Клеј е четирикратен шампион, одличен играч, бев многу возбуден кога потпиша со нас. Едвај чекам да играм со него“, изјави Дончиќ. 

Се вчитува...