Навивачите на Звезда со поддршка за фудбалерите пред мечот со Интер

Црвена звезда вечерва ќе го одигра натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите во Милано против Интер. Навивачите на српскиот шампион „Делии“ дојдоа до играчите и на спектакуларен начин им дадоа поддршка.

На „Делии“ и официјално им беше забрането да присуствува на натпреварот на „Џузепе Меаца“. Сепак, нема дилема дека „црвено-белите“ сепак ќе ја имаат поддршката барем од оние навивачи кои доаѓаат од земјите на Европската унија и имаат пасоши од тие земји.

Се вчитува...