УЕФА го смени судијата во „пет до 12“, упатувал смртни закани кон фудбалер на последниот меч

УЕФА донесе вонредна одлука за промена на еден од судиите за натпреварот меѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон, на десетина часа пред одигрувањето на овој дуел.

Италијанецот Фабио Мареска требаше да биде четврти судија на дуелот во Ајндховен, но тој е отстранет од листата откако се најде во ценарот на сериозен скандал. Имено, Мареска судеше на дербито во шампионатот на Кувајт меѓу екипите на Кувајт и Ал Араби, по што на негова адреса стигнаа сериозни обвинувања. Гостите се жалат дека италијанскиот судија му се заканувал со смрт на еден од фудбалерите, истрагата е во тек, а челниците на УЕФА решија Мареска да биде изоставен се до разврската на овој случај.

Прв судија на натпреварот ПСВ – Спортинг останува Марко Гвида, а местото на Мареска ќе го преземе неговиот сонародник Даниеле Довери.

Се вчитува...