Пропадна трансферот на Балотели во Бугарија, но се појави нова изненадувачка дестинација

Некогаш прославениот италијански напаѓач Марио Балотели изминатите недели се поврзуваше со сензационален трансфер во соседството, потточно во Бугарија каде интерес за неговите услуги покажа ЦСКА Софија. Сепак до истиот нема да дојде, а тој сега е мета на друг клуб.

Станува збор за шпански третолигаш, Интерсити од каде за шпанските медиуми веќе потврдиле дека се започнати преговори за негов ангажман.

Балотели кој во богатата кариера освојуваше трофеи во Интер и Манчестер Сити, а со успех го носеше и дресот на италијанската репрезентација денеска е слободен играч. Последниот ангажман го имаше во Адана Демирспор.

Се вчитува...