Долгогодишниот претседател на Црвена Звезда, Небојша Човиќ, од денеска и официјално е нов прв човек на Кошаркарскиот Сојуз на Србија, откако како единствен кандидат ја доби довербата на делегатите како наследник на Предраг Даниловиќ.
Поранешниот претседател го најави своето заминување веднаш по ОИ во Париз, закажувајќи ново Изборно Собрание за 1 октомври, а Човиќ беше единствениот што поднесе кандидатура за одговорната функција.
„Моето именување за претседател на КСС е потврда на истрајната работа што со години тимски ја извршувавме во Црвена Звезда.Замене тоа секогаш беше симболна квалитет, нешто на што бев горд“, изјави Човиќ, кој си поднесе оставка како прв човек на „црвено-белите“ бидејќи според српскиот закон за спорт не може истовремено да извршува две раководни функции.
Прва значајна задача на Човиќ ќе биде да го реши проблемот со селекторот на сениорската репрезентација, односно да се обиде да го убеди Светислав Пешиќ да продолжи да ја изавршува оваа функција.
„Мораме да го решиме селекторот. Тоа е приоритет број еден во моментов“, порача Човиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА