Синот на Ибрахимовиќ доби повик во репрезентацијата на Шведска

И 18-годишниот Максимилијан Ибрахимовиќ оди по стапките на својот славен татко Златан, со првиот свој повик за настап во шведската репрезентација на пријателските натпревари против Јапонија и САД.

Ибрахимовиќ јуниор летово потпиша прв професионален договор со Милан, во моментов игра за младинскиот тим на „црвено-црните“, а сега доби повик и од јуниорската шведска репрезентација.

„Одлично тргна со Примавера тимот на Милан. Ова е добра можност да го видиме и кај нас“ – изјави селекторот на јуниорската репрезентација на Шведска, Андреас Петерсон.

Се вчитува...