Партизан новата сезона од Евролигата ја почнува во четврток против Басконија во Шпанија.
Најдобриот кошаркар на Басконија, Маркус Хауард пред мечот покажа колку ги почитува црно-белите, издвојувајќи како еден од фаворитите за настап на Фајнл-фор во Евролигата.
„Панатинаикос, Олимпијакос, Реал Мадрид и мислам Партизан. Тоа се клубовите кои имаат најголеми шанси за Ф4“ – вели Хауард, притоа дополнувајќи:
„Партизан е еден од тимовите кои направи бројни промени, но навистина ми се допаѓа нивниот ростер. Верувам дека ќе бидат изненадување на сезоната. Многу ги почитувам и нивните навивачи поради начинот на кој го бодрат својот тим. Ги почитувам од личен агол, и клубот и навивачите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА