Спектакл во Дортмунд: Четири гола за 30 минути и маестрална „бомба“ на Адејеми (ВИДЕО)

Вистински спектакуларен меч се игра во Дортмунд, каде што домашната Борусија го пречекува Селтик во 2. коло во Лигата на шампионите. „Милионерите“ за 30 минути имаат водство од 3-1.

Во 7. минута Емре Џан од пенал донесе предност, а две минути подоцна истиот играч погреши во одбрана и дозволи Селтик да се радува преку Маеда. Во 11. минута Адејеми го најави своето шоу на овој меч. Постигна гол за водство од 2-1.

Германското крило во 29. минута постигна спектакуларен гол. Од косо од левата страна упати вистинска „бомба“ кон голот на Шмајхел за предност од 3-1.

На другите мечеви, Интер води против Црвена Звезда 1-0, Барселона против Јанг Бојс 3-0, а Арсенал води со ПСЖ 2-0.

Се вчитува...