Навивачите на Дортмунд против новиот формат: „Вас не ви е гајле за спорт, туку само за пари“

Борусија Дортмунд го пречека Селтик во второто коло од новата реформирана Лига на шампиони , а навивачите приредија свое шоу пред почетокот на натпреварот.

Легендарниот „жолт ѕид“ во Дортмунд објави неколку пораки против УЕФА.

„Без реформи во Лигата на шампионите“.

Сепак, главниот транспарент беше истакнат на почетокот на мечот, кога на трибината беше поставен транспарент со напис „УЕФА мафија“, и доле порака: „Вас не ви е гајле за спорт, туку само за пари“.

На фановите на Борусија не им се допаѓа новиот формат во Лигата на шампионите, и покрај тоа што во првите две кола засега нивниот тим се наоѓа на првото место на табелата, со дури десет постигнати гола и само еден примен. Пред победата од 7-1 над Селтик, „милионерите“ во првото коло го совладаа тимот на Бриж со 3-0 на гости. Следното коло во ЛШ гостуваат во Мадрид кај Реал.

Се вчитува...