Црвена Звезда и покрај големите очекувања, е поразена од Интер со 4-0 во второто коло во Лигата на шампионите, и ја стартуваше оваа кампања со два порази и седум примени гола во два меча.
Тренерот на српскиот шампион, Владан Милојевиќ по мечот изјави дека е недозволиво во вакво натпреварување така лесно да се примаат голови.
„Бевме добар противник во првиот дел. Пораз како пораз не ме изнервира толку. Ќе има уште порази, но ме нервира тоа што нашите противници не се мачат да ни дадат голови. Некако многу прелесно дозволуваме да примаме голови. Навистина евтини голови примивме против Интер, и тоа е нешто на кое ќе мораме да работиме. Ова е Лига на шампиони и тука секоја грешка скапо се плаќа“, рече Милојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА