Реал во „војна“ со челниците на Ла Лига: „Како не гo видовте ножот и не ги слушнавте смртните закани“

Сагата на мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал продолжува. Натпреварот заврши нерешено (1:1), но по него се повеќе се зборуваше за инцидентот што го предизвикаа навивачите на Атлетико кои фрлаа разни предмети кон Тибо Куртоа , поради што натпреварот беше прекинат.

Но, тоа не е се. Реал испрати документ на единаесет страници до седиштето на Ла Лига, во кој се наведени многу настани кои се случија на дербито, а кои Ла Лига не ги вклучи во извештајот за натпреварот.

Шпанските медиуми јавуваат дека Реал пријавил поседување нож кој бил одземен од навивач идентификуван како еден од сторителите на фрлање предмети кон голманот на Реал, скандирања „Куртоа, умри“, расистички навреди кон Винисиус објавени на социјалните мрежи и прославата на израмнувачкиот гол на Атлетико со клубот Ултрас.

Од Ла Лига за АС изјавија дека овие забелешки ќе бидат додадени во конечниот извештај кој ќе биде проследен до Шпанската фудбалска федерација за да може Комитетот за натпреварување да одлучи за санкцијата што евентуално ќе биде изречена.

Инаку, ова е еден од првите случаи во кои гостински клуб се жали на вакви обвинувања од Ла Лига, што може да доведе до делумно или целосно затворање на стадионот на противникот.

Се вчитува...