Со три натпревари, денеска ќе се комплетираат учесниците во 1/8 финалето на Купот на Македонија во фудбал.
Денеска од 14 часот ќе играат Башкими – Воска Спорт, Беласица – Македонија ЃП и Победа – Гостивар. Победниците на овие три натпревари ќе се приклучат на останатите 13 екипи кои веќе обезбедија пласман во следната фаза.
Во следната фаза пласман обезбедија Шкупи, Арсими, Брера, Шкендија Тетово, Беса, Шкендија Арачиново, Силекс, Детонит, Струга ТЛ, Пелистер, Вардар, Брегалница и Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА