Левандовски успеа во нешто што досега му пошло од нога само на Роналдо

Роберт Левандовски продолжи со импресивните изданија во дресот на Барселона откако Полјакот со два голаго предводеше својот тим до убедлив триумф над Јанг Бојс, прв за каталонскиот гигант сезонава во Лигата на Шампионите.

Со тоа, Левандовски стана само втор фудбалер во историјата кој по својот 30. роденден успеал да постигне дури 50 погодоци во ЛШ, нешто што претходно му има успеано само на Кристијано Роналдо.

Полскиот ветеран со синоќешните два погодоци се приклучи на „Клубот 50“, Роналдо веќе има 68, а зад Левандовски следат Бензема со 37 и Меси со 35 голови во елитното европско натпреварување по наполнети 30 години.

Левандовски има вкупно 96 гола во Лигата на Шампионите, а првиот го постигна во дресот на Борусија Дортмунд, во 2011 година.

Се вчитува...