Официјално: Шчесни потпиша за Барселона

Војчех Шчесни и дефинитивно е нов голман на Барселона откако каталонскиот гигант попладнево официјално потврди дека е потпишан договорот со ветеранот, кој на голот ќе го наследи повредениот Марк Андре тер Штеген.

Полјакот летово објави дека ја завршува кариерата, но се премисли откако Тер Штеген се повреди, а каталонците го избраа токму него како прва опција за замена за Германецот. Тој бараше гаранции декаќе биде прв голман во тимот, а откако му беше ветено дека нема да биде доведен нов голман во јануари Шчесни пристигна во Барселона.

Тој вчера ги мина деталните прегледи, беше на трибините при триумфот над Јанг Бојс, за денеска и официјално да го потпише договорот со Барса.

Се вчитува...