Кристијан Трапановски одлично ја почна својата авантура во Шкотска во дресот на Данди Јунајтед, но откако македонскиот офанзивец не се појави во тимот на последниот дуел со Килмарнок тренерот Џим Гудвин обелодени дека Трапаноски има повреда и нема наскоро да се врати на терените.
Станува збор за проблем со мукулот на ногата, поради што офанзивецот нема да настапи викендов за Данди Јунајтед, а ќе ја искористи репрезентативната пауза за целосна рехабилитација.
„Не, Трапановски нема да може да ни помогне викендов. Проблем е повреда на ногата, заработена на тренинг минатата недела. Мислевме дека ситуацијата ќе се среди, но последните прегледи покажаа дека проблемот не е наивен, па тој ќе мора да паузира уште три-четири недели од денеска“, изјави Гудвин на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА