Миовски дебитира во ЛШ: Македонецот во стартниот тим против Феенорд

Бојан Миовски ќе дебитира во Лигата на Шампионите откако македонскиот голгетер ја доби довербата на тренерот Мичел и беше вклучен во стартните единаесетмина на Џирона за денешниот домашен дуел против Феенорд.

Нашиот репрезентативец не влезе во игра на мечот од првото коло што Џирона несреќно го загуби од ПСЖ со 1-0, но затоа денеска ќе го предводи нападот на каталонскиот тим, кој ќе атакува на првите бодови во историјата во елитното европско натпреварување.

Останува да се надеваме дека Миовски ќе блесне во сиот свој сјај и ова деби ќе го круниса и со прв погодок во кариерата во Лигата на Шампионите…

Се вчитува...