Сисе по девет години веќе не е селектор на Сенегал

Алиу Сисе повеќе нема да биде селектор на Сенегал, потврди Фудбалската федерација на африканската земја.

Договорот на Сисе нема да биде продолжен и со тоа ќе заврши неговиот деветгодишен мандат на клупата на Сенегал. Под негово водство, Сенегал ја освои својата прва титула на Африканскиот куп на нации и двапати се квалификуваше за Светското првенство.

Сисе беше под голем притисок по изненадувачката елиминација во осминафиналето на Купот на нации и поразот од Брегот на Слоновата Коска на пенали.

Оттогаш, репрезентацијата на Сенегал има серија од шест меча без пораз, но притисокот повторно се загреа со две нерешени средби – со Конго и Буркина Фасо. Ова доведе до одлука на министерот за спорт, чиј ресор му ја исплаќа платата на тренерот, да направи промени.

 

Се вчитува...