Продажбата на билети за трката во Формула 1 во Остин се зголеми откако Макс Ферстапен престана да победува, изјави промоторот на трката Боби Епштајн.
Актуелниот шампион на многу доминантен начин ја започна новата сезона, победувајќи на четири од првите пет трки и се чинеше дека нема да има неизвесност кој ќе биде светски шампион и оваа сезона.
Сепак, во последните осум трки, возачот на Ред Бул нема забележано ниту една победа и сега Ландо Норис заостанува само 52 поени на шест трки до крајот.
„Продажбата на билетите навистина се зголеми откако Макс престана да победува и конкуренцијата стана поинтересна“, рече Епштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА