Бутел имаше сила само за едно полувреме против Вардар

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар стигнаа до нов триумф во домашната Суперлига откако вечерва во меч од 5. коло славеа на гостувањето кај Бутел во малото скопско дерби со 27-30.

Гостинскиот тим иако го контролираше резултатот во првите 30 минути во ниту еден момент не успеа да направи поголема разлика, бидејќи домашните ракометари одиграа одлично против фаворитот, па на пауза заминаа со негатива од само еден гол 15-16.

Сепак, разликата во квалитет, но и во широчина на ростерот дојде до израз во второто полувреме кога „црвено-црните“ одиграа далеку подобро него во првиот дел и на крајот стигнаа до рутински триумф од 27-30.

Стефан Петриќ со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Димитар Узунчев заврши со ист број погодоци.

Се вчитува...