ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Миовски стартер Жирона со негатива против Феенрод, Аталанта води со Шахтјор (ВИДЕО)

Најдобриот македонски напаѓач Бојан Миовски го има своето деби во Лигата на шампионите откако се најде во почетниот состав на неговата Жирона која по 45 минути има негатива од 1-2 на домашен терен против холандскиот Феенорд.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Лопез во 20. минута што беше прв историски за овој тим во елитното натпреварување. Гостите само три минути подоцна израмнија на 1-1 со автоголот на Херера. Целосен пресврт донесе Миламбо (1-2) во 33. минута, а гостите мора да жалат што немаат и поголема предност на пауза бидејќи во 36. минута Уеда не реализираше пенал.

Girona 1-[2] Feyenoord – Antoni Milambo 33'
byu/Meladroitdimage insoccer

На вториот натпревар од раната програма вечерва во ЛШ, Аталанта има водство од 0-2 против Шахтјор. Стрелци на головите за тимот од Бергамо беа Џимсити во 21. минута и Лукман во 44. минута.

Shakhtar 0-2 Atalanta – Ademola Lookman 44'
byu/Meladroitdimage insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...