Тоа би бил кошмар за Јуве: Бремер го повреди коленото?!

Јувентус одлично ја почна сезоната, „старата дама“ има максимални две победи во ЛШ, додека во италијанското првенство се уште нема примено гол од почетокот на Серија А.

Еден од најзаслужните сигурно е Бремер, па токму затоа огромна е загриженоста во таборот на Јуве откако Бразилецот мораше да биде заменет во првото полувреме од дуелот со Лајпциг. Мота беше принуден да направи две замени во првите 11 минути по повредите што ги заработија Бремер и Гонзалез, но многу посериозна на прв поглед се чини повредата на бразилскиот дефанзивец.

Тој остана во агонија да лежи на теренот, лекарите веднаш откако му пријдоа покажаа дека дефанзивецот ќе мора да биде заменет, а првите информации говорат дека станува збор за повреда на левото колено.

Тренерот Мота по мечот не сакаше да дава конкретен коментар за повредите наведувајќи дека ќе ги чека резултатите од деталните прегледи. Ако се утврди дека станува збор за кинење на лигаментите на Бремер, тоа би бил вистински кошмар за „старата дама“ бидејќи најдобриот одбранбен играч би бил „во аут“ до крајот на сезонава, а преодниот рок се отвора за дури три месеци, кога ќе може да биде доведена замена за него.

Се вчитува...