Летонците го објавија списокот: Против Македонија со осум интернационалци, еден од нив од Камбоџа

Летонскиот селектор Паоло Николато го објави списокот од 24 фудбалери на кои ќе смета за време на октомврискиот прозорец и средбите од Лигата на Нации што оваа репрезентација ќе ги игра против Македонија (10 октомври) и Фарските Острови (14 октомври).

На списокот на селекторот се наоѓаат 16 фудбалери кои се дел од домашното првенство, осум од нив се интернационалци, а новина е вклучувањето во сениорскиот состав на досегашниот младински репрезентативец, Дарио Шитс, кој настапува во холандскиот второлигаш Хелмонд.

Николато реши во националниот тим по шест месеци да го врати и дефанзивецот Витали Јагодински, кој сезонава настапува во шампионатот на Камбоџа.

Македонија е лидер во групата по првите две одиграни средби со четири бода, пред Ерменија и Летонија со по три и селекцијата на Фарските Острови со само еден освоен бод.

Се вчитува...