Јокиќ откри кој му е најтежок пораз во кариерата

Најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ по одличното лето кое го имаше со репрезентацијата на Србија каде го освои бронзениот медал на ЛОИ во Париз се врати на клупските обврски.

Тој ги почна подготовките со неговиот Денвер нагетс во походот кон нова титула во НБА лигата.

На подготовките тој говореше за многу работи, а кажа и кој му е најтежок пораз во кариерата.

„Натпреварот против САД на ЛОИ беше многу добар. Сигурно тоа е најголемиот пораз во мојата кариера. Беше тешко по поразот, но успеавме брзо да се соземеме и да го освоиме бронзениот медал“, изјави Јокиќ. 

Се вчитува...