Јокиќ одговори на пофалбите на Јанакопулос, но не и на главното прашање

Сопственикот на актуелниот шампион на Евролигата, Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос откри дека започнал да гледа НБА поради Никола Јокиќ и изрази желба да го донесе српскиот кошаркар во „зелените“ редови.

На пофалните зборови на Гркот сега одговори и самиот Јокиќ кој сепак не откри дали во иднина ќе го гледаме во најсилното кошаркарско првенство на „стариот континент“.

„Му благодарам. И јас се трудам да ја следам Евролигата што е можно повеќе, и се разбира тие ја освоија минатата сезона, честитки за тоа. Тој е некој кој и помага на Евролигата да се развие преку медиумите. Мислам дека прави фантастична работа да ја направи Евролигата поголема“, вели Јокиќ.

Се вчитува...