Бомба од Струмица: Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов се нови одбојкари на шампионот

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица објави вистинска бомба денеска откако ги официјализираше потписите со најдобриот македонски одбојкар на сите времиња Никола Ѓорѓиев, неговиот брат Ѓорѓи и репрезентативецот Александар Љафтов.

Тројцата одбојкари кои беа дел од историските резултати на нашата репрезентација, а долги години играа и во најдобрите тимови ширум Европа, решија да се вратат дома и да потпишат за Струмица.

Овие три засилувања ќе бидат голем ветер во грб за македонскиот шампион пред насапите во ЦЕВ купот.

Се вчитува...