Поради градоначалникот на мал град во близината на Милано, Мората ќе мора да се сели

Шпанскиот напаѓач од редовите на Милан, Алваро Мората објави дека бил принуден да се исели од својот дом.

Како што вели тој, приватноста на Шпанецот ја нарушил градоначалникот на Корбет, град со 18.000 жители на периферијата на Милано, бидејќи гордо објавил на социјалните мрежи дека славниот фудбалер изнајмил куќа во заедницата со која раководи.

Мората, во најмала рака, беше непријатно изненаден од потегот на градоначалникот Марко Баларини и неговата најава, па сега мора да бара нов дом за себе и за своето семејство.

Баларини ја објави веста за потегот на Мората во стилот на познатиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо, кој со години помпезно ги најавува потписите и трансферите на најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, секој преоден рок.

Се вчитува...