Изненадување: Голманот кој прими 16 гола на шест меча, ќе биде прв избор на Германија

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман, го именуваше чуварот на мрежата на Хофенхајм Оливер Бауман за замена за повредениот Тер Штеген на голот на Германија на следните натпервари во Лигата на Нации.

Германија идниот петок гостува на БИХ, а потоа во Минхен ја чека Холандија без својот прв голман. Имајќи во предвид дека претходно Мануел Нојер се откажа од репрезентацијата, а Тер Штеген го чека пауза од десет месеци, Германија мораше да бара друго решение.

Иако се препоставуваше дека Нагелсман ќе му даде шанса на Трап од Ајнтрахт, или на Нибел од Штутгарт, сепак, довербата ја добива Бауман.

Бауман прими дури 16 голови на првите шест натпревари сезонава, односно 15 гола на петте натпревари во Бундеслигата. Голманите на Штутгарт и на Ајнтрахт имаат помалку, односно 10 и шест, па оваа одлука на Нагелсман е изненадување.

Се вчитува...