Никола Ѓоргиев има зад себе и повеќе од успешна кариера во која настапуваше во бројни врвни европски лиги, но и во далечната Јапонија каде неколку сезони беше меѓу најдобрите одбојкари во овој шампионат.
Најдобриот македонски одбојкар ланската сезона ја мина во дресот на Љубљана, но денеска беше детонирана „трансфер-бомба“, Нико заедно со неговиот брат Ѓорѓи и со Александар Љафтов потпишаа за Струмица и ќе бидат огромни засилувања за македонскиот првак на претстојниот двомеч со унгарски Капошвар во рамките од ЦЕВ-купот.
„Искрено, пресреќен сум што ќе ми се исполни големата желба да заиграм за клубот во родниот град. На 19-годишна возраст си заминав од Струмица и тогаш потпишав за Раднички Крагујевац, сега кога ми се укажа шансата да дојдам и да помогнам не сакав да ја пропуштам. Едвај го чекаме првиот меч со Капошвар веќе во вторник, да дадеме свој придонес и се надевам дека ќе донесеме радост и победа на струмичани“, изјави Ѓоргиев за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА