У17: Победа на вториот „тест“ против Кипар

Македонската репрезентација до 17 години го одигра вториот пријателски натпревар против Кипар на гости, и го доби до 3-2. Претходно двете селекции одиграа меч кој заврши нерешено 1-1.

Македонија го отвори резултатот во 20 минута. Констанидис израмни со гол директно од корнер. Во 80 минута Грашевски за Македонија го зголеми резултатот на 2-1, а потоа во финишот нашата селекција дојде до предност и од 3-1.

Во 93 минута Кипар само успеа да намали на 3-2.

Се вчитува...