Ал Ахли ја победи Барселона за трето место на Светското клупско првенство

Ракометарите на Ал Ахли ја победија Барселона со 32-29 и го освоија третото место на Светското клупско ракометно првенство.

Каталонскиот тим одигра очајно прво полувреме во кое во еден момент имаше негатива и од 8-16, за да сепак стигне до 15-18 пред паузата.

Во второто полувреме Ал Ахли го одбрани водството од првото полувреме и славеше со 32-29.

Мохсен Рамадан беше најефикасен кај Ал Ахли со седум гола, додека Јанц запиша шест погодоци кај Барселона.

Се вчитува...