Веспрем конечно го детронизираше Магдебург

Веспрем конечно го детронизираше Магдебург освојувајќи ја светската клупска титула.

Магдебург, по три едноподруго трофеи, вечерва во драматично финале кое беше одлучено по продолженија загуби од Веспрем со 33-34 и не успеа да се запише во историјата со четврти по ред трофеј на Супер Глоуб.

Финалето беше максимално израмнето, а низ играта гол за гол, Веспрем се одлепи со 18-22 дури на средината од второто полувреме. Но, Магдебург успеа да се врати, и да дојде до 28-28 во регуларниот дел од мечот.

Во дополнителните десет минути ракометарите на Веспрем беа за нијанса подобри и со минимални 33-34 дојдоа до трофејот за најдобра светска екипа.

Се вчитува...