Јувентус му носи уште еден Србин на Влаховиќ во Торино!

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ е на излезна врата од Милано, а неговата нова дестинација би можела да биде ни помалку ни повеќе туку Јувентус. Оваа информација ја пренесоа италијанските медиуми кои пишуваат дека заедно со Душан Влаховиќ треба да се создаде српски тандем.

Главна причина е повредата на Полјакот Аркадиуш Милик и операцијата на која беше подложен, па Тиаго Мота нема алтернатива за херојот од последните две победи, особено онаа во Лигата на шампионите над Лајпциг. Според истите извори, Јовиќ е идеален тип на играч за тренерот на „старата дама“ и веќе во зима би можел да работи во тандем со Влаховиќ.

Теми Абрахам и Алваро Мората имаат предност пред Јовиќ во Милан, па тој и дефинитивно ќе го напушти „Сан сиро“ во јануари.

Се вчитува...