Тен Хаг: Судете ни по крајот на сезоната!

Манчестер јунајтед продолжува со игрите „топло-ладно“. Одлично го започна натпреварот во Португалија, а потоа на крајот некако успеа да дојде до еден бод (3-3) на гостувњето кај Порто.

Во моментов ситуацијата не е најдобра за „црвените ѓаволи“, но холандскиот тренер ги уверува сите дека тоа ќе се менува како што ќе напредува сезоната,

„На крајот ќе стигнеме таму каде што треба. Не осудувајте нè во овој момент, судете ни на крајот од сезоната. Во процес сме, ќе напредуваме. Имавме две сезони во кои стигнавме до финалето, ќе продолжиме да се бориме“, вели Ерик Тен Хаг за англиските медиуми.

Се вчитува...