„Бодот на Динамо во ЛШ вреди повеќе од целиот буџет на Цибона, Задар и Сплит“

Бодот на Динамо Загреб против Монако (2-2) во второто коло од Лигата на шампионите е една од главните теми во Хрватска овие денови.

Во кошаркарските кругови одекна и колку Динамо добива од секое реми и победа, па го интересираше Александар Петровиќ, кој ја истакна големата финансиска разлика меѓу хрватските кошаркарски клубови и Динамо Загреб.

„Разликата во организација меѓу фудбалот и кошарката е највидлива во финансискиот сегмент. Бодот на Динамо против Монако вреди повеќе од поединечните буџети на Цибона, Сплит и Задар за тековната сезона“, напиша на твитер Петровиќ.

Да потсетиме, секој бод во групната фаза од натпреварувањето во Европа носи 700.000 евра, додека победата обезбедува два милиони евра.

Се вчитува...