„Тренирав со Новак, Рафа и Роџер, јасно е кој е најдобар“

Британскиот тениски тренер, и поранешен играч, Мајк Дигби вели дека врз основа на ударите, со врзани очи, можел да препознае кој од членовите на „големата тројка“ игра против него.

Дигби, сегашниот тренер на Тамара Зиданшек, своевремено беше спаринг партнер на Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Истакнува дека секој носи некаква аура, а најпрво се допре до Швајцарецот.

„Звукот на топките, елеганцијата што ја поседува, смиреноста и класата, можете само да го почувствувате“, рече Дигби, додавајќи:

„Аурата на Надал доаѓа преку она што го слушате од моќта на ударите, движењето, начинот на кој тој брза… Новак има комбинација од двете. Тој има малку повеќе ароганција. И тоа ми се допаѓа кај него. Не е нешто негативно. Да не беше тоа, тогаш немаше да биде Новак Ѓоковиќ како што го знаеме. Тоа е она што го прави тоа што е, тоа е она што го прави најдобриот што некогаш ја играл оваа игра чисто од тениска точка“, заврши Дигби.

Се вчитува...