Рудигер го одбра најдобриот соиграч: Ги има многу, но еден е…

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер во својата богата кариера настапувајќи за Штутгарт, Рома и Челси играше заедно со бројни врвни фудбалери, а нивната бројка дополнително се зголеми откако се пресели во редовите на Реал Мадрид во 2022 година.

Фантастичниот стопер беше запрашан кој е најдобриот фудбалер со кој има соработувано, а одбра соиграч од „кралските“ редови.

„Карим Бензема. Можев да кажам и Лука Модриќ, Тони Крос или Еден Азар од деновите во Челси, но морам да го одберам Бензема“, изјави Рудигер.

Бензема и Рудигер настапуваа заедно пред Французинот да се пресели во редовите на Ал Итихад. Голгетерот важи за легенда на Реал Мадрид со 648 одиграни натпревари и 354 постигнати голови.

Се вчитува...